„Сите сме Германија“, во Берлин протест за осуда на инцидентите во Париз

Од:

На протестниот митинг на кој што во организација на германските муслимани беа осудени џихадистичките напади во Франција германскиот претседател Јоаким Гаук порача дека сите граѓани на земјата без разлика на етничката и верската припадност се Германија. Протестот против растечката исламофобија на кој беа присутни околу 10,000 луѓе меѓу кои религиозни лидери, политичари и германската канцеларка Меркел започна со церемонија пред француската амбасада и со рецитирање на Коранот во кои се осудува одземање на животот.

„Сите сме Германија. Ние демократи со различни политички, културни и верски припадности. Со почит и потреба за другите. Ние кои што знаеме како да го живееме животот, во единство, правда и слобода. Нашиот одговор на фундаментализмот на исламистичките насилници е демократија и почитување на законите“, рече Гаук во говорот пред Брандербуршката порта.

Протестот беше организиран од страна на Централниот Совет на Муслиманите во Германија чиј што прретседател Ајман Мазиек порача дека „Терористите не победија и дека нема да победат во иднина“.

За претседателот на Централниот Совет на Евреите во Германија Абрахам Лерер погрешно е да се сомнева до сите Муслимани или да се осудува нивната религија. Тој сепак изјави дека од Муслиманите зависи каков че биде одговорот на стравот и теророт кој гошират радикализирани и фанатизирани исламисти.

Протестот во Берлин се случи еден ден откако во Дрезден и покрај апелите тој да биде откажан на собирот на германски популистички антиисламски групи се собраа рекордни 25,000 луѓе кои што се борат против „исламизацијата на западот.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ