Кога децата треба да почнат со учење на странски јазици

Од:

Поделени се мислењата на која возраст најдобро е детето да почне да учи странски јазик. Голем број истражувања покажуваат дека учење на друг јазик ја „подобрува“ моќта на мозокот, но новата студија покажува дека најдобри резултати постигнуваат оние кои со учење почнуваат во доцното детство.

Студијата објавена во списанието „Proceeding of the National Academy of Sciences“ покажа дека луѓето кои на десет години почнале да учат англиски јазик и кои секојдневно го користеле и слушале имаат подобрување на структурата на мозокот во споредба со оние кои израснале зборувајќи само англиски и кои не учеле втор јазик.

Овие „повисоки нивоа на структурален интегритет“ се лоцирани во областите на мозокот поврзан со јазикот и семантичкото процесуирање.

Научниците со скенирање го проучувале мозокот на 20 луѓе, сите на возраст околу 30 години, кои најмалку 13 месеци живееле во Велика Британија. Сите тие почнале да учат англиски јазик, како втор јазик кога имале околу десет години. Анализите на нивните мозоци се споредени со мозоците на 25 луѓе на слична возраст кои зборуваат само англиски јазик.

– Секојдневното користење на повеќе од еден јазик претставува интензивна конгнитивна стимулација која се користи од страна на специфични мозочни структури поврзани со јазикот, со истовремено зачувување на нивниот интегритет и заштита од влошување на подоцнежната возраст, се истакнува во студијата предводена од Христот Плиатсикас од Универзитетот Кент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска