Јанакиески: ЈО и ДКСК да проверат дали има конфликт на интереси

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ги повика Јавното обвинителство на Република Македонија и Државната комисија за спречување на корупција да постапат според своите законски овластувања, доколку има, како што рече на денешната прес-конференција, и најмал конфликт на итереси или корупција во врска со обвинувањата на СДСМ за склучениот догорор со проектот рехабилитеција и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп.

Министерот ги демантира обвинувањата за сопственичка поврзаност во фирмата Лудвиг Фајфер за која алудира СДСМ, а тоа, како што рече, може да се види од тековната состојба евидентирана во Централниот регистер.

– Во меѓувреме да не оставам простор за разни лицемери кои политиката ја сфаќаат исклучиво како арена за плукање и навреди објавувам дека започнав постапка за раскинување на Договорот за закуп како сопственик на индивидуална куќа која се наоѓа на ул „Браќа Ламески“ бр.32 во Прилеп, Согласно член 6 од истиот, истакна Јанакиески.

Потсети дека Договорот за закуп на куќата кој е склучен на 1 септември 2013 година со рок на важење до 31 август 2015 година, е пријавен во Управата за јавни приходи и согласно Догоорот во рамки на законот за персонален данок од доход закупецот како правно лице уредно секоја година плаќа кон државата персонален данок на износот за закупнина утврден во Договорот за закуп.

Појасни дека од Прилеп е иселен од пред повеќе од 10 години, а постојано живеалиште му е Скопје од 2005 година. Сопственоста на предметната куќа, рече министерот, ја има добиено по основ на наследство.

– Во конкретниот случај со склучениот Договор за закуп воопшто не е повредена ниту една одредба од Законот за спречување на корупција односно согласно член 22 од цитираниот Закон, Договор за закуп не е склучен со правно лице што сум го основал јас или член на моето семејство, ниту пак член на моето семејство е одговорно лице во правното лице закупец на куќата, додаде Јанакиески.

Министерот тврди дека Министерството за трансорт и врски со кое тој раководи нема никаков вид на деловни односи со фирмата закупец.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска