„Тајната состојка“ селектиран на копродукцискиот маркет на Берлинале

Од:

Филмскиот проект „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски ќе биде меѓу 36 нови долгометражни проекти од 28 земји што ќе бидат презентирани на 12-тиот копродукциски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 8-ми до 10 февруари.

– „Тајната состојка“ е еден од 10-те избрани проекти во конкуренција од вкупно 245 пријавени проекти како дел од програмата „Talent Project Market”. Во оваа програма ќе бидат претставени десет надежни продуценти и режисери кои ќе добијат можност како учесници на маркетот да остварат копродукциски соработки со меѓународни филмски професионалци со цел да овозможат потенцијална реализација на своите проекти, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.

Филмскиот проект „Тајната состојка“ (работен наслов: „Крани“) е прв долгометражен филм на Ѓорче Ставревски. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова од „Фрагмент филм“. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во Годишната програма за финансирање на филмски проекти за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи