Тајванските здравствени власти, соочени со појава на вирусот на птичји грип во дваесетина живинарски фарми, донесоа одлука според која, во оваа фаза, треба да бидат уништени над 140.000 птици.
Уништувањето на гуските почна синочќа. До денеска беа уништени речиси 6.000 гуски, а на 13 фарми на кои се одгледуваат ови птици е воведен карантин.