Ограбил куќа и заспал на креветот во дневната соба

Од:

Триесет и осумгодишниот Скот Тинсли од градот Кобриџ, Велика Британија заспал во дневната соба во куќата која што ја ограбил, по конзумирање на наркотици. Потоа тој го признал злостроството, а судијата го нарекол „најбеден крадец во историјата“.

Тинсли е уапсен додека спиел во куќата, бидејќи сопственичката го слушнала рчењето од дневната соба. Тој влегол во дворот за да ги украде машините кои се наоѓале во гаражата, а потоа и во куќата бидејќи бил гладен.

Полицијата тврди дека конзумирал наркотици по што удобно се сместил на креветот и заспал во собата.

Јавниот обвинител Нил Ахуја изјави дека откако сопственичката го видела непознатиот човек во нивниот кревет, веднаш повикала полиција, бидејќи стравувала за безбедноста на своите три деца кои во тој момент спиеле.

-Нејзиниот сопруг го разбудил крадецот и го задржал во куќата до пристигнување на полицијата. Крадецот претходно изнел повеќе предмети од куќата, меѓу кои телевизор, музички систем – изјави припадник на полиција.

Тинсли кој зад себе има 102 прекршоци и дури 41 пресуда го признал злосторството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца