Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска е нова ракометaрка на македонскиот шампион ЖРК Вардар.
По повредата на Бегоња Фернандез, Вардар остана само со една ракометарка на позицијата пивот – Германката Ања Алхаус. Но, тоа беше проблем за тренерот Индира Кастратовиќ и клубот се засили со уште еден кружен наљпаѓач. Оваа соработка ќе биде добредојдена за двете страни Мечевска немаше клуб, а ЖРК Вардар втор пивот.
Мечевска пред Нова година го прекина договорот со турската екипа Анкара 1910, што значи како слободна дојде во екипата на ЖРК Вардар.
Капитенот на македонската репрезентација Мечевска според клупската интернет страница потпишала договор со траење до јуни 2015 година.
Мечевска ќе има околу три недели да се вклопи во играта на македонскиот првак, а на контролните дуели со Копенхаген Кастратовиќ ќе добие и јасна слика за нејзината форма.
„Вардарки“ првиот натпревар од Лигата на шампионите го играат против Лајпциг на 30 јануари.