Камерон: Муслиманите мора да сторат повеќе за елиминација на тероризмот

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон во Лондон изјави дека муслиманите во Велика Британија мора да сторат повеќе во борбата за елиминација на тероризмот.

Според Камерон, британската муслиманска заедница има своја одговорност за да му се спротивстави на исламскиот екстремизам и тероризмот, особено сега по терористичките напади во Париз во кои брутално беа убиени 17 лица.

Британскиот премиер вели дека пресметката со овој екстремизам нема да успее без соработката со муслиманската заедница во земјата.

Изјавата на Камерон доаѓа по неговата средба со директорите на британските безбедносн и разузнавалки агенции. На оваа средба е постигната согласност за зголемување на овластувањето на безбедносните служби, кога станува збор за следење на комуникацијата на лицата осомничени за екстремизам и за врски со џихадизмот.

Претходно, британскиот министер за култура Саџид Џавид, кој има муслимански корени, објасни дека е мал бројот на роднините на муслиманските семејства во Велика Британија кои патуваат во Сирија и Ирак за да им се приклучат на џихадистите на Исламска држава (ИД).

Сепак, Џавид признава дека „не може да се побегне од фактот оти оние кои стојат зад терористичките напади, сега во Париз, а претходно во Лондон и Мадрид, себе си се нарекуваат муслимани“, како и дека убиваат во името на својата религија.

Околу 500 британски муслимани, главно млади луѓе, заминале преку Турција на сириска територија и им се приклучиле на џихадистите од ИД.

Нивните родители и најблиски објаснуваат дека не знаеле оти нивните деца се подготвуваат да војуваат. Родителите најчесто велат дека младите, обично, тајно заминуваат за да се приклучат кон оваа милитантната исламистичка сунитска група и да учествуваат во создавањето Калифат на Блискиот Исток, што би функционирал според шеријатското право како што го толкува ИД.

Стотина од нив, во меѓувреме, се вратени од фронтот, а десетина се уапсени врз основа на одредбите од антитерористичките закони.

Безбедносни експерти, меѓутоа, предупредуваат дека оние кои се враќаат, како џихадисти индоктринирани со омраза и воено обучени, претставваат закана за британската безбедност.

Владата на премиерот Камерон донесе низа мерки за казнување на учеството во редовите на џихадистите, а најави одземање на британското државјанство и забрана за враќање дома за припадниците на ИД. Владата најави и одземање на пасошите на оние за кои посто сомнеж дека се дел од екстремистичките ќелии во Велика Британија и дека се подготвуваат за да заминат во редовите на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца