(ВИДЕО) Жерновски: Oпштонароден фронт дефинитивно ќе го порази режимот на Груевски

Од:

По едночасовната проштална средба со, како што рече, големиот пријател на Република Македонија, амбасадорот на САД во заминување, г-динот Пол Волерс, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека граѓаните живеат се полошо и полошо, економската ситуација станува се понеповолна, растечката сиромаштија и бесперспективноста се секојдневие.Но, рече има добра и лоша вест.

„Добрата е што незадоволството на граѓаните е се поголемо, а лошата е што тоа не се рефлектира и не оди на контото на опозициските партии. Со тоа сите ние мора да се соочиме, и да се придвижиме напред во процесот на изнаоѓање на вистинската формула за зголемување на опозицискиот потенцијал и создавање на општонароден фронт кој дефинитивно ќе го порази режимот на Никола Груевски“, изјави Жерновски.

Zernovski 12.01.2015

На средбата, двајцата соговорници направиле резиме на случувањата за време на мандатот на амбасадорот Волерс. Разговарале и за актуелната политичка состојба во земјата од апспект на некои видувања на градоначалникот Жерновски и прогнози за иднината.

„Особено ја адресирав важноста од објективната поставеност на амбасадата на САД во процесот на мониторирање на локалните избори во Општина Центар, во 2013 година. И тогаш и сега сметам дека победата во Центар стана симбол на отпорот на граѓаните на очигледните изборни манипулации на режимот на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Zernovski - Volers 12.01 (5)

Жерновски на Волерс како знак на особено почитување и благодараност за се што направи за време на мандатот, му подари книга „Мојата чудесна Македонија“ и како сеќавање на македонските специјалитети, пригодно издание на „Македонски готвач“.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории