Најмалце една особа загинала, а 22 се повредени во верижен судир во американската сојузна држава Мичиген, во кој учествувале дури 123 возила, пишуваат американските медиуми.
Сообраќајката се случила на меѓународниот пат во областа Каламуза на околу 250 километри источно од Чикаго, а причина за истата се снегот, силниот ветар и слабата видливост.
Едно од возилата кое учествувало во сообраќајката е камион кој пренесувал пиротехнички средства, а по судирот се запалил.