Цените на бензините во САД паднаа на најниска вредност од април 2009 година, јави ТАСС.
Во последниве три недели цените на бензните во американските бензински станици се намалија за околу 27 проценти. Така, бензинот од најниска класа во просек чини 2,20 долари за галон, односно 58 центи за литар.
Бензинот е најскап во Сан Франциско – 2,66 долари за галон, а најевтин во Албукерки во Ново Мексико – 1,76 долари за галон.
Според аналитичарите, поевтинувањето на бензините во САД се должи на падот на цената на нафтата на светските берзи, Тие проценуваат дека бензините во САД ќе продолжат да поевтинуваат и во следниот период, во очекување на натамошен пад на цената на нафтата на безрите, но дека тоа намалување ќе биде со побавно темпо.