Марија Хофл Риш, една од најдобрите скијачки во светот и добитник на СК од 2011 година, во својата автобиографија, “ДИРЕКТНО” открива дека алпското скијање е порно циркус.
„Алпското скијање е порно-циркус! Не знам точно кој ја измисли таа фраза, но од време на време се појавува“, открива Марија Хофл Риш.
Таа отворено зборува за многу тајни кои се случуваат на алпското скијање. Исто така објаснува како се дошло до изразот порно циркус.
„Варијација на фразата е “бел циркус”, кој многу се користи за скијањето. Тоа не се оргии во хотели, но сигурно е дека многумина кои ќе се пријават во еднокреветни соби не ја поминуваат ноќта сами“, пишува германката.
Наведува дека постојат различни комбинации во сето тоа.
„Постојат различни комбинации, тренери со физиотерапевти, сервисери со скијачките и слично. Секогаш се тоа меѓународни односи. Знаете како се вели, забрането е да ловите во свој рибник“, открива Марија и додаде дека предничат оженетите.