ВИДЕО: Делото на Славко Јаневски – трезор на колективната историја на македонскиот народ

Од:

Денеска општина Центар и МАНУ ја одбележаа 95-годишнината од раѓањето на великанот Славко Јаневски.

Читалната која што го носи името на Славко Јаневски беше претесна да ги прими почитувачите на неговото дело, неговото семејство, членовите на МАНУ, љубителите на убавиот пишан збор и слика, граѓани и медиуми.

Меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Хрватска, Златко Крамариќ, кој и самиот е добар познавач на делата на Јаневски и негов голем почитувач. Докторската дисертација на амбасадорот Крамариќ е посветена на ликот и делото на Славко Јаневски.

По повод годишнината, академик Томе Серафимовски на општина Центар и’ подари 7 скулптури, Славко Јаневски-портрет во бронза, Ѓорѓија Пулевски – портрет во бронза, Кирил Пејчиновиќ – Тетоец – фигура во бронза, Наим Фрашери – портрет во бронза, автопортрет – бронза, Партенија Зографски – фигура во бронза и Рака со книга – бронза.

Citalna Slavko Janevski (2)

Градоначалникот на општина Центар во знак на сеќавање на овој ден на академик Томе Серафимовски му подари пригоден подарок.

Citalna Slavko Janevski (9)

Читалната Славко Јаневски од денеска станува и галерија, зошто во неа се сплотуваат делата на големиот писател и големиот скулптор.

„Пред година и половина имавме скромна намера, кога ја отворавме читалната, да ги одбележиме делата и спомените на големиот Славко Јаневски, особено во периодот во кој некој се обидуваше истиот да го негира. Поразителен беше фактот што се наоѓаат само неколку дела од Јаневски, а собраните дела се во Националната библиотека во Вашингтон. Некој очигледно, повеќе го ценел“, рече во обраќањето пред присутните градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Citalna Slavko Janevski (12)

Во име на МАНУ и во име на претседателот на МАНУ, Владо Камбовски на присутните им се обрати академик Влада Урошевиќ.

„Заборавот е страшна дупка. Делото на Славко Јаневски е неограничен мајдан и треба почесто да се навраќаме на нив“, порача академик Урошевиќ.

Citalna Slavko Janevski (1)

Тој потсети на расказот „Самураи“, кој е најдобар книжевен споменик на нашиот град и е врв на прозното мајсторство.

Планината и големината, како што е Славко Јаневски, ќе остане бидејќи, рече академик Катица Ќулавкова, е посилна и од политичките инциденти.

„Славко Јаневски беше голем писател. Тој беше визионер и на некој начин го предвиде развојот на светот. Неговото дело е трезор на колективната историја на македонскиот народ, во неговото дело е сместено богатството на македонскиот јазик и е жива меморија. Во овие моменти мора да се обединиме и духовно и културно и низ граѓанскиот ангажман и институциите. Она што најмалку ни треба е нетрпеливост и омраза“, рече академик Ќулавкова.

Citalna Slavko Janevski (20)

Ќулавкова говореше и за делото на академик Томе Серафимовски, кој не го криеше задоволството од тоа што го создадоа тој, општина Центар и Македонската Академија на Науките и Уметностите.

Citalna Slavko Janevski (21)

Би можело да ве интересира

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски