„Шпигел“: Сирија тајно гради нуклеарен комплекс

Од:

Сириските власти тајно градат подземен комплекс каде би можеле да произведуваат атомско оружје, тврди во денешното издание германскиот неделник „Шпигел“.

Повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и прислушувани разговори од страна на тајните служби“, весникот наведува дека комплексот се наоѓа во тешко достапен планински реон во западниот дел на Сирија, на два километри од либанската граница.

Сместен во близина на градот Кусеир, објектот, чие тајно име е „Замзам“, има пристап до вода и струја и може да служи како место за изградба на реактори или за производство на збогатен ураниум, тврди „Шпигел“.

Западни експерти за весникот изјавиле дека сириските власти во комплексот пренеле осум илјади шипки, кои порано се наоѓале во тајниот објект Ал Кибар, за каде постоеја сомнежи дека има нуклеарен реактор.

Ал Кибар беше уништен во 2007 година при воздушен напад за кој постои смонеж дека го извршила израелската армија. Израел меѓутоа никогаш не ги потврди ваквите информации.

Според „Шпигел“, во „Замзам“ работат севернокорејски и ирански нуклеарни експерти, а комплексот го обезбедуваат припадници на просириското либанско шиитско движење Хезболах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети