Кривични пријави за четворица битолчани за насилство и напад на службено лице

Од:

Секретаријатот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против И.Л.(32), А.С.(31) и Б.Т.(20) сите од Битола поради постоење сомение дека извршиле кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, додека против И.Л. и П.Д.(28) е поденсена пријава и за кривично дело „насилство“.  На Б.Т., И.Л. и П.Д им е одреден притвор во времетраење до осум дена.

Како што информира МВР, вчера околу 10:15 часот во Битола во кафе бар на улицата „Широк Сокак“ И.Л. и П.Д. физички нападнале двајца вработени во кафе барот и започнале насилно да се однесуваат кршејќи го инвентарот. По пријава за сторено кривично дело интервенирано е од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот и биле физички нападнати од А.С. и Б.Т.

Лицата се приведени во полициската станица Битола каде И.Л. започнал да ги навредува полициските службеници со погрдни зборови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас