Организаторите на парадата на гордоста 2012 во Белград следната недела ќе претстават фотографија на која Исус е прикажан како хомосексуалец.
На оваа парада ќе биде прикажана фотографијата “Ecce Homo” од шведскиот уметник Елизабета Олсон Валин. На фотографијата Исус е презентиран како хомосексуалец, носи високи потпетици и се наоѓа во друштво на трансексуалци, пренесува Телеграф.
Оваа поставка предизвика остра осуда од страна на српскиот патријарх Иринеј, кој вели дека таквата претстава на Исус Христос е скандалозна и е голема срамота!