Масовен егзодус на Сиријци кои нема кој да ги прифати

Од:

Хина – Загреб

Доаѓањето на речиси 2000 бегалци, главно Сиријци, последните денови на брегот на Италија, ја открива целата трагедија на сириската хуманитарна криза предизвикана од војната, бегањето на населението во соседните земји на кои им станува неподнослив товар, па Либан од понеделникот наметна визи и плаќање на големи квоти за опасниот пат во Европа, кој понекогаш завршува со смрт.

Околу 360 мигранти неодамна се истоварија во Корлиано на југот на Италија од товарен број кој го напуштил екипажот и се придружил на бројката од околу 1600 мажи, жени и деца, главно Сиријци кои во Италија дошле од 20 декември на други два брода.

Судирот во Сирија почнат во март 2011 со крвава репресија на против владините демонстрации прерасна во граѓанска војна и расели половина од населението, приннудени да ги напуштат своите домови.

Околу 3,2 милиони жители избегаа во блиските земји, Турција, Либан и Јордан, а внатре во Сирија раселени се 7,6 милиони.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) истакна дека масовниот егзодус на Сиријците е најдраматична хуманитарна криза каква што светот одамна не видел.

Приказна на капетан

Капетан шверцер кој превезол околу 800 Сиријци илегално на италијанскиот брег со товарниот брод Блу Скај М, го раскажал својот пат за дневниот весинк Ла Република.

– Ми ветија 15.000 долари и можност да го донесам тука целото свое семејство – објасни 36 годишниот Сириец Саркас Рани во сведочењето пред италијанската полиција која го уапси на 31 декември во пристаништето Галиполи.

– Во Турција стигнав со авион од Либан од каде што избегав, а таму ме контактираа кога дознаа дека сум морнарски капетан – рече Сарказ кој се качил на Блу Скај М со тројца мажи и отпловиле во Мерсин, турско пристаниште близу Сирија. Бродот таму стоел два дена усидрен очекувајќи ги патниците бегалци.

Ла Република пишува дека шверцерите дури преку Фејсбук предлагале качување на брод за сума од 5.500 долари по лице, или 4.500 долари за група од најмалку 25 лица, па во три дена се собрале 800 патници, мажи, жени и деца.

Турските власти во ниту еден момент не спровеле контрола, тврди капетанот на бродот Блу Скај М, кој лично ја нацртал рутата за Италија, а поради лошото време се приближил на грчкиот брег и стапил во врска со властите барајќи право на допловување во заливот во очекување дека временските услови ќе се поправат. Добил дозвола и тврди дека ни грчките власти не го провериле товарот.

Бродот потоа испловил кон Италија, а близу до брегот Саркас Рани го напуштил кормилото, го блокирал моторот и се помешал со патниците. Ако италијанската крајбрежна стража не ја презела контролата над бродот, тој ќе се скршел од карпите.

Блу Скај М стигнал во средата во пристаништето Галиполи со 766 лица Сиријци, а два дена подоцна италијанската стража пресретнала друг брод со 360 сириски мигранти.

Либан од воведе визи за Сиријците

Либан примил над 1,1 милион Сиријци, што е тежок товар за таа земја од 4 милиони жители.

Јордан примил 618.000 Сиријци, Ирак 225.000, а Египет 137.000.

Либан од понеделникот го ограничи влезот на Сиријците, првпат во историјата на двете земји, во обид да го ограничи приливот на бегалци кои ги прими над еден милион. Новите прописи објавени во саботата на мрежните страници на либанското министерство за внатрешни работи стапија на сила во понеделникот и се делат во шест категории на визи и две категории на престој. Ќе се издаваат на границата, а не во амбасадите во Либан и Дамаск, пишува агенцијата АФП.

– Тоа е првпат во историјата на двете земји дека Сиријците ќе мора да ја кажат причината за влез во земјата – рече министерот за социјални прашања Рашид Дербас и објасни дека целта на мерките е да се спречат Сиријците да бегаат во Либан и општо посериозно да се регулира влезот на Сиријците.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) разбира со каков товар се справува Либан но изрази жалење и истакна дека бројот на сириските бегалци на месечна основа се преполовил од средината на 2014 година.

– Ги разбираме причините кои владата ја поттикнаа на таква политика – рече портпаролот на УНХЦР Рон Едмонд и признава дека Либан поднесува голем товар – пишува Ројтерс.

Но истовремено УНХЦР не сака тие луѓе да бидат вратени во опасноста од која побегнале – вели Едмонд.

Либанската влада повика финансиски повеќе да и се помогне за да згрижи толкав број на бегалци.

УНХЦР разочаран од слабиот одзив за помош на Сиријците

Но одзивот на донаторите не одговара на барањата. Многу Сиријци кои побегнале од војната во татковината, преживуваат во најсиромашните делови на земјата во бегалски кампови без соодветна инфраструктура и во напуштени згради. Некои Сиријци, а меѓу нив и деца питачат по улиците на главниот град Бејрут.

Бегалците во соседните земји се изложени на сиромаштија, санитарни проблеми и тензии со локалното население поради лошата инфраструктура и крајно тешките услови во кои живеат.

УНХЦР наведува дека 28 земји во почетокот на декември на состанокот во Женева објавиле дека ќе примат над 100.000 сириски бегалци, кои сега се сместени во соседните држави, но до сега во Европа и остатокот од светот одговорот на апелот на УНХЦР е разочарувачки.

Според податоците објавени кон крајот на ноември барања за азил во ЕУ поднеле 144.632 Сиријци од 2011 година, а нешто помал број и добиле азил.

Во Европа само две земји истакнуваат посебни напори да помогнат: Германија и Шведска. Германија е покренувач и последните години прими 7.000 Сиријци, според податоците на германското министерство за надворешни работи.

Во Шведска од вкупниот број на барања за азил 38 отсто поднеле Сиријци.

На почеток демонстрациите, па судирот, па конечно голема граѓанска војна во која бунтовниците се борат едни против други, како и војската и џихадистите, до сега однесе над 200.000 животи во Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети