Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд и неговиот претходник Никола Саркози, рамо до рамо ќе дефилираат на утрешниот „Републикански марш“ во Париз, јави дописникот на МИА од главниот град на Франција.
Ова ќе биди нивни прв заеднички протест на улица, иако тие веќе се појавија заедно на погребот на Нелсон Мандела.
Веста дека Саркози ќе дефилира до Оланд, ја соопшти опкружувањето на поранешниот претседател и сега лидер на опозициската Унија на народното движење (УМП).
Со ова се сака да се покаже единството на нацијата и покрај политичките разлики и ривалството меѓу владејачката Социјалистичка партија и УМП.
Инаку. претседателот Оланд, пред учеството на маршот во Елисејската палата ќе ги прими сите присутни шефови на држави или влади кои најавија дека ќе учествуваат на протестот во знак на сеќавање на треористичките напади.
Денес низ Франција веќе се одржаа повеќе спонтани собири, додека за утрешниот се очекува досега незапаметена мобилизација.