Жан-Мари Ле Пен: Жалам јас не сум Шарли

Од:

Поранешниот лидер на францускиот екстремно десничарски Национален фронт (ФН), Жан-Мари Ле Пен обвини дека утрешниот голем собир на кој многумина не сакаат да се појави оваа партија е „оркестриран од медиумите“, јави допсиникот на МИА од Париз.

– Денес, сите велат: ние сме Шарли, јас сум Шарли. Ама, јас, жалам, јас не сум Шарли. И колку се чуствувам погоден од смртта на 12 мои француски сонародници, чиј политички идентитет не ме интерсира, иако јас добро го познавам, без разлика дали тие се непријатели на Националниот фронтм кои неодамна бараа распуштање на партијата со петиција, изјави на својот видео-блог, основачот на ФН.

Неговата ќерка, актуелна претседатрелка на Фронтот и европратеничка, ги повика членовите на партијата и симпатзиерите да маршираат низ улиците на провинциските градови, но не и во Париз.

Таа самата ќе оди да марш во Бокер, заедно со други функционери на партијата во овај град, кој е раководен од градоначалник од ФН.

– Отфрлањето на варварството им припаѓа на сите Французи. Ние, избраните претставници на нацијата, ќе учествуваме во маршевите таму каде духот на толеранцијата е посилен, таму каде сектаризмот е помалку силен. Ние ќе одиме заедно со францускиот народ, единствен и неподелив, додека на парискиот марш е присвоен од партиите кои го претставуваат она што Французите не го сакаат: пристрасноста, изборниот клиентелизам и недостојната полемика, вели Марин Ле Пен во нејзината видео порака.

Во Франција се води полемика дали на утрешните протести е потребно официјално да се покани и Националниот фронт, иако неговата лидерка беше поканета на разговори кај претседателот Франсоа Оланд.

„Шарли Ебдо“ и неговите новинари се меѓу весниците кои најжестоко се борат и ги критикуваат идеите на Националниот фронт и на Ле Пен.

Би можело да ве интересира

Партијата на Ле Пен освои три милиони гласови повеќе од победниците на изборите

Атал останува премиер на Франција

Горан Наумовски

Што ќе се случува во Франција: нова влада или криза

Катерина Ѓуровски

Макрон „ќе ја почитува одлуката на француските гласачи“

Катерина Ѓуровски

Макрон ја турна земјата кон неизвесност и нестабилност обвини лидерот на француската крајна десница

ВИДЕО: Драматичен пресврт на изборите во Франција покажуваат излезните анкети

Катерина Ѓуровски