Кривична пријава против Н.К. за убиството на Детска клиника

Од:

Во потпокривна просторија на Клиниката за детски болести во Скопје синоќа околу 20 часот Н.К.(22) од с. Петровец, Скопско ја убил Д.З. (31) од истото село, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, околу 18 часот по претходен договор меѓу двајцата да се сретнат во покривната просторија на Детската клиника меѓу нив настанала вербална расправија и во еден момент осомничениот физички ја нападнал Д.З. и со употреба на физичка сила ја задавил.

Потоа, од засега непознати причини, Н.К. го одвлекол и го оставил безживотното тело на една од покривните тераси и седнал на работ од покривот, со намера да скокне од зградата и да се самоубие. Тој бил забележан од пациент, кој пријавил на болничкото обезбедување од каде е пријавено и во МВР, на местото на настанот е излезено од страна на припадници на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа” и Единицата за специјални задачи кои го пренеле безживотното тело на Одделението за интензивна нега, каде што и покрај напорите, медицинската екипа не успеала да ја реанимира Д.З.. Во 22:35 часот осомничениот е симнат од покривот и приведен.

Во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство”. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски