Казенев: Антитерористичкиот план „Вижипират“ ќе биде зајакнат

Од:

Франција останува на истото ниво на антитерористичкиот план, кој ќе биде и зајакнат. Тоа е главниот заклучок на петтиот кризен состанок за само 72 часа во Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз.

На кризниот состанок освен претседателот на републиката Франсоа Оланд, присуствуваа и премиерот и министрите за внатрешни работи и за правда. На крајот од состанокот, Бернар Казенев министерот за внатрешни работи, најави дека планот „Вижипират“ ќе остане на највисокото ниво во Париз и парискиот регион и ќе биде зајакнат насекаде.

– Важно е планот Вижипират кој е подигнат на повисоко ниво (по настаните во средата) да биде засилен во текот на идните недели, нагласи тој.

Покрај постоечките безбедносни сили, 320 дополнителни припадници на армијата се распоредени за обезбеднување на државните и јавни институции, верски објекти, образовните инстируции и медиуми.

Француската влада презеде драстични безбедносни мерки за утрешниот „Републикански марш“, во знак на сеќавање на загинатите во терористичките акти кои ја потресоа Франција. Покрај претседателот Франсоа Оланд, покрај него ќе бидат уште германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, италијанскиот Матео Ренци, британскиот Дејвид Камерон, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Француската влада и скоро сите политички партии и граѓански здруженија и синдикати повикаа утре Французите да излезат масовно на улиците и да го изразат нивното единство.

Би можело да ве интересира

Партијата на Ле Пен освои три милиони гласови повеќе од победниците на изборите

Атал останува премиер на Франција

Горан Наумовски

Што ќе се случува во Франција: нова влада или криза

Катерина Ѓуровски

Макрон „ќе ја почитува одлуката на француските гласачи“

Катерина Ѓуровски

Макрон ја турна земјата кон неизвесност и нестабилност обвини лидерот на француската крајна десница

ВИДЕО: Драматичен пресврт на изборите во Франција покажуваат излезните анкети

Катерина Ѓуровски