Рускиот проект ќе предизвика финансиски шок во САД и ЕУ

Од:

Вечерње новости – Белград

Вашингтон води хибридна војна против Москва. Ако и постои какво било  сомневање по повод тоа, сега треба да биде јасно.

Геополитиката, науката и технологијата, шпекулациите, финансиските пазари, информациските текови, големите деловни конгломерати, интелигенцијата, масовните комуникации, социјалните медиуми, интернетот, популарната култура, информативните мрежи, меѓународните институции, санкциите, аудиториумот, јавното мислење, национализмот, разни владини тела и организации, цивилизациската конфронтација, прокси војните, дипломатијата, создавањето на меѓународни алијанси, големи деловни договори, невладините организации НВО, човековите права, угледот, воениот персонал, капиталот, психолошката тактита – сето тоа е вклучено во таа хибридна повеќестрана војна.

На дневно ниво може да се види дека оваа војна се одигрува во етерот на воените театри на Украина и во Блискиот исток, преку изјавите и обвиненијата на дипломатите, како и во економската сфера.

Исто така треба да се прекинат дебатите и прашањата за тоа дали ова е нова Студена воја – постстуденовоена студена војна – или старата Студена војна никогаш не ни завршила. Студеновоениот менталитет никогаш не исчезнал во Вашингтон Белтвеј. Од перспективата на руските политичари, јасно е дека САД никогаш не ги закопале своите воени секири и дека ја продолжиле офанзивата. Распадот на Варшавскиот пакт, поразот на Советите и Источниот блок и гледањето како Советскиот Сојуз се демонтира во 15 различни републики не беше доволно за американските студеновоени јастреби. Според нив, новооснованата Руска Федерација мораше да биде стишена.

Нафтената политика исто така има голем удел во оваа хибридна војна. Фактор за борбите не беше само цената на енергентите, туку и финансиските пазари и националните валути. Вештачкиот пад на цената на нафтата, остварен со преплавување на глобалниот нафтен пазар, сега дополнително доби на значење, со опсада на руската рубља. Сето ова е дел од нешто што изгледа како целен двонасочен напад на Руската Федерација, кој има за цел да ги намали приходите на Русија преку манипулација на пазарот по пат на економски санкции и намалување на цените.

Тоа е она што би го нарекле двојна воздишка (американска поговорка која означува двоен проблем, главно од финансиска или економска природа). Додека САД и нивните сојузници, вклучувајќи ги Австралија, Канада, ЕУ и Јапонија, на руската економија воведоа санкции, се случија напади на главниот извор на руските приходи на енергентите и руската национална валута.

Валутни војни и инфлација

Цената на руската рубља почна да паѓа во декември 2014 година, како последица од економскиот притисок на Руската Федерација, падот на цените на енергентите и шпекулативните активности. – Судејќи според состојбата во земјата, ние сме сред длабока валутна криза, за која дури и вработените во Централната банка велат дека не ја предвиделе ни во најлошите ноќни кошмари – коментира Вјечеслав Тереков за Интерфакс, при разговор со рускиот претседател Владимир Путин во текот на конференцијата за новинари во Кремељ на 18 декември. Самиот Путин ова го призна на прес конференцијата. Одговарајќи на Тереков, Путин објасни дека состојбата се променила под влијание на одредени надворешно економски фактори, примарно цената на енергетските ресурси, нафтата, а со самото тоа и гасот исто така.

Некои можеби сметаат дека падот на руската рубља е резултат од реакциите на пазарот според негови правила, додека други кои признаваат дека постојат пазарни манипулации можат за се да ја обвинат руската влада и Владимир Путин. Меѓутоа, овие процеси беа наведувани од американски махинации. Тоа едноставно не е резутлат на самостојно однесување на пазарот или политиката на Кремељ, туку американски цели и политика која свесно има намера Русија да ја дестабилизира и да ја опустоши. Поради тоа Путин на прашањето на Тереков, одговори дека падот на вредноста на руската рубља очигледно е предизвикан пред се од надворешни фактори.

Помошникот државен секретар на САД Викторија Нуланд, сопруга на еден од основачите на Проектот на новиот американски век ПНАЦ и неконзервативниот адвокат на империјата Роберт Кејген и помошникот на американскиот министер за финансии Данијел Глејзер во мај 2014 година рекоа на Комитетот на парламентарниот дом за надворешни работи дека целта на американските санкции против Руската Федерација не е само нанесување на штета на трговските врски на Русија и ЕУ, туку и покренување на економска нестабилност во Русија, како и креирање на валутна нестабилност и инфлација. Со други зборови, американската влада со цел одеше на девалвација на руската рубља и инфлација во руската економија најдоцна од мај 2014 година.

Изгледа дека САД се обидуваат со манипулација да го натераат Кремељ да троши руски ресурси и фискални резерви на борба против инфлацијата и така да дозволи да биде вплетен во црпењето на девизните резерви кои ги поседува Руската Федерација, или било кој вид на руски резерви кои вредат околу 8,4 трилиони рубљи – само да се обиде да го спречи падот на вредноста на националната валута. Во врска со тоа, држејќи конференција за новинарите, Путин на 18 декември изјави дека Централната банка нема намера сите резерви да ги испржи без никаква смисла, што е исправна постапка. Путин ова повторно го потенцира одговорајќи на прашањето на Вјечеслава Терекова, кога рече дека руската влада и руската Централна банка не треба да ги разделат нивните златни и девизни резерви или едноставно да ги испржат на пазарот, туку да обезбедат извори за кредитирање.

Кремљ разбира што се обидува да направи Вашингтон. Америка со Русија ја повторува старата игра. Манипулацијата со цените на енергентите, девалвацијата на руската национална валута, дури и американскиот обид да ја вовлечат Русија во конфликт со братската држава Украина, сето тоа е повторување на американската тактика користена претходно, за време на Студената војна, а и по 1991 година. На пример, вовлекувањето на Русија во Украина би било повторување на тактиката на вовлекувањето на Советскиот Сојуз во Авганистан, додека манипулацијата на цените на енергентите и валутните пазари би била паралела на американската стратегија користена да се дестабилизира батхистички (Батх партија е најважна политичка партија со панарапска идеологија, која игра важна улога уште од 1950 година) Ирак, Иран или Советскиот Сојуз во текот на авганистанско-советската и иранско-ирачката војна .

Наместо обид да се спречи понатамошниот пад на вредноста на рубљата. Кремељ изгледа се одлучи стратешки да инвестира во човечкиот капитал во Русија. Националните резервни фондови на Русија ќе бидат искористени за диверзификација на државната економија и зајакнување на социјалниот и јавниот сектор. Наспроти економската војна против Русија, токму тоа е причината што платите на наставниците во училиштата, професорите на факултетит за наука и развој, вработените во институциите за култура, докторите во болниците и клиниките, болничарите и медицинските сестри – значи најважните сектори за развивање на човечкиот капита и капацитети во Русија – сите со ред се зголемија.

Руската мечка и турскиот сив волк

Меѓутоа, Кремљ на располагање има цела листа опции за контрирање на американската офанзива против Русија. Една од нив вклучува додворување на Турција. Руското приближување на Турците вклучуваше оддалечување од изградбата на гасоводот Јужен тек од Русија преку Црното море и Бугарија.

Путин изјави дека Русија го откажа проектот Јужен тек на 1 декември. Наместо проектот Јужен тек, стигна замена во вид на гасовод кој ќе оди од јужниот федерален округ на Руската Федерација преку Црно море до Турција. Овој алтернативен гасовод кој популарно е наречен Турски тек, го приближува рускиот енергетски гигант Гаспром со турскиот Ботас. Покрај тоа, Гаспром ќе почне на Турција да дава попуст на рускиот гас, кој ќе се зголемува како што ќе расте интензитетот на руско-турската соработка. Договорот за природниот гас меѓу Анкара и Москва создава добитна состојба и за двете страни. Не само што Анкара ќе добие попусти на снабдувањето со енергенти, туку Турски тек на турската влада ќе го даде она за што копнееше со години. Турскиот гасовод Турција ќе ја направи енергетски коридор и транзитен јазол со сите транзитни приходи. Во таква состојба Турција ќе стане коридор за снабдување со енергенти меѓу доставувачот Русија и потрошувачите во кои спаѓаат земјите на ЕУ и други купувачи од југоисточна Европа. Анкара ќе стекне дополнително влијание на ЕУ, што ќе и донесе нов аргумент при преговорите со Европа, бидејќи ЕУ, сметајќи дека ќе биде енергетски посредник, со Турција ќе мора да се договара.

Што се однесува до Русија, таа со откажувањето ќе ги намали ризиците со кои беше соочена при изградбата на проектот Јужен тек. Москва можеше да потроши време и ресурси градејќи го Јужен тек, само за на крај да види дека проектот е суспендиран или опструиран на Балканот од Брисел и Вашингтон. Ако ЕУ навистина сака руски природен гас, тогаш гасоводот Турски тек ќе биде продолжен од Турција преку Грција, па до Македонија, Србија, Унгарија, Словенија, Италија, Австрија и други европски земји кои сакаат да бидат интегрирани во овој енергетски проект.

Откажувањето на Јужен тек исто така значи и дека ќе биде еден алтернативен енергетски коридор помалку од правец на Русија кон ЕУ, барем за некое време. Ова има позитивни импликации на настаните во Украина, која претставува важна транзитна рута за рускиот гас кој оди кон ЕУ. За да обезбеди проток на рускиот гас низ украинска територија, ЕУ ќе биде поодлучна во притисоците на политичарите во Киев да го завршат конфликтот во источна Украина.

На повеќе начини Турскиот тек може да се гледа како реконфигурација на пропаднатиот гасовод Набуко. Турски тек на Турција ќе обезбеди благонаклоност и ќе го зголеми руското влијание на ЕУ, за разлика од Набуко, кој требаше да го намали, новиот гасовод исто така ќе ја принуди Анкара своите економски и стратешки интереси повеќе да ги насочува со руските интереси. Тоа е причина зошто, зборувајќи за Набуко и борбата за воспоставување на алтернативни енергетски коридори, овој автор во 2007 истакнува дека создавањето на овие енергетски коридори и мрежи претставува меч со две острици. Овие геостратешки зглобови и енергетски осовини можат да доведат и до размена на меѓусебното влијание. Интеграцијата во инфраструктурата води и до економска интеграција.

Изградбата на Турски тек и јакнењето на руско-турските односи може дури да помогне и по прашањето за смирување на крвавиот сириски конфликт. Ако иранскиот природен гас се интегрира во Турскиот гасовод по пат на уште еден енергетски коридор, кој од иранска територија влегува во Анадолија, тогаш турските интереси би биле уште повеќе усогласени со интересите на Москва и Техеран. Турција ќе биде спасена од поразот на својата неоотоманска политика и ќе биде способна да се повлече од сириската криза. Ова ќе и дозволи на Анкара да се престрои на соработка со двата најважни трговски партнери – Иран и Русија.

Важноста на иранско-турската и руско-турската трговија и енергетските врски се причина што Анкара имаше разбирање за Русија и Иран и што не дозволи политиката на несогласување по повод сириската криза да застане на патот на нивните економски врски и деловни односи, додека Вашингтон се обидуваше тие односи да ги наруши, како што направи со врските меѓу Русија и ЕУ. Меѓутоа, Анкара сваќа дека ако пушти политиката да ги наруши нејзините економски врски со Иран и Русија, и самата Турција би била ослабена и дека тоа би довело да изгуби секаков вид на независност која сега ја ужива.

Мајсторски правејќи го рускиот потег додека беше во Анкара, Путин исто така се погрижи да обезбеди жешки внатрешни разговори во ЕУ. Некои ова би го нарекле ставање сол на рана. Знаејќи дека профитот и потенцијалната добивка ќе предизвика интерна дебата во Бугарија и ЕУ, Путин реторички се праша дали Европската комисија на Бугарија ќе и ги надомести трошоците за загубите.

Руската мечка и кинескиот змеј

Очигледно е дека рускиот бизнис и трговските врски се пренасочени на Народна Република Кина и источна Азија. По повод кинеско-рускиот гасен мега договор, овој автор истакнува дека ова не било толку руски контра потег на американскиот притисок колку што беше вистинска долгорочна руска стратегија која се обидува да повлече трговски и други врски со Источна Азија. Владимир Путин лично исто така го потврди својот став во текот на конференцијата за новинарите на 18 декември, наведувајќи го претходно дека го отфрлил впечатокот дека т.н. руски пресврт на исток во најголем дел е поврзан со кризата во Украина.

Според зборовите на претседателот Путин, процесот на ширењето на деловните врски со Кина и Источна Азија, произлегува од глобалните економски процеси, бидејќи Истокот т.е. Азиско-пацифичкиот регион покажува побрз раст од остатокот од светот. Ако ова не е доволно убедливо дека пресвртот кон Источна Азија веќе бил во план на Русија, тогаш Путин категорино ги отфрли сите сомневања во продолжетокот на наведената конференција на 18 декември. Зборувајќи за кинсеко-рускиот гасен договор и други руски проекти во Источна Азија, Путин го објасни следново: Проектите на кои работиме одамна се планирани, дури и пред последните проблеми кои се појавија на меѓународно ниво или по прашањето за руската економија. Ние едноставно ги спроведуваме нашите долгорочни планови во дело.

Од перспективи на рускиот советник на претседателот Сергеј Глазјев, САД водат своја хибридна војна против Русија за на крај да застанат на пат на кинеските партнери на Москва. Во интервјуто на Глазјев за украинската новинарка Алјони Березовска, која рабоди за филијалата Расија Севодње, примарно фокусирана на информациите во врска со Украина, ги објаснува основите на американското непријателство кон Русија: банкротот на САД, падот на конкурентноста на глобалните пазари и вашингтонската немоќ во крајна линија да го спаси својот финансиски систем, сервисирајќи го странскиот долг или повлекувајќи доволно инвестиции да воспостават еден вид на иновативен економски пробој, сето тоа се причини поради кои Вашингтон вака ја напаѓа Руската Федерација. Според зборовите на Глазјев САД сакаат нова светска војна. Со други зборови, на Америка и треба конфликт и конфронтација. Тоа е причина зошто се случува украинската криза во Европа.

Сергеј Глазјев само повторува некои точки од интервјуто од пред неколку месеци, потоа во текст од 23 септември напишан за магазинот Русија во глобалните прашања, кој го спонзорира рускиот Совет за меѓународни работи, тинк-танк кој во 2010 година го основаа министерот за надворешни работи и рускиот министер за образование, и американскиот магазин Форин афеарс, кој го објавува Советот за надворешни работи на САД.

Во тој напис Глазјев додава дека Вашингтоновиот европски предизвик упатен на Русија на крај може да биде од корист на Кинезите, бидејќи борбата ќе ги ослаби САД, Русија и ЕУ, што на Кина ќе донесе предност. Смислата за објаснувањето на сето ова е да се каже дека Русија сака избалансирано стратешко партнерство со Кина. Лично Глазјев Березовски во тоа интервју дури и зборува дека Русија сака двострани корисни односи со Кина, кои ги ограничуваат можностите на потчинување на Пекинг од страна на Москва.

Без никаков сомнеж САД сакаат да го прекинат стратешкото партнерство меѓу Пекинг и Москва. Долгорочната стратегија на Москва за кинеско-руска соработка пружи на Руската Федерација висок степен на економска и стратешка сигурност од економската војна која се води против руската национална економија. Вашингтон пак се обидува да ги обврзе Кинезите да не пружаат рака на Русија, која е под економски напад. Во овој контекст падот на цената на пазарот на енергентите исто така може да биде насочен кон создавање на спорови меѓу Пекинг и Москва. Во еден дел, манипулацијата на пазарите со енергентите и падот на цените може да доведе до слабеење и нарушување на кинеско-руските односи така што ќе ги принудат Кинезите да преземат чекори кои би ставиле дамка на нивните одлични односи со руските партнери. Со други зборови, Вашингтон можеби се надева дека Кина ќе стане доволно лакома и кратковидна и ќе се обиде да оствари предност од падот на цените на енергетските пазри и девалвацијата на руската валута.

Кои и да се намерите на Вашингтон, секој економски чекор кој САД го презема против Русија на крај ќе нанесе штета и на американската економија. Исто така, многу е мала шансата дека мандаринците се несвесни што се обидуваат САД да направат. Кинезите се свесни дека Кина, а не Русија, е крајната американска цел.

Економски тероризам: Аргентина и лешинарите

САД водат економска војна против Русија и нејзината државна економија која е во полн замав. Во крајна линија, сите Руси се колективно на удар. Економските санкции не претставуваат ништо друго туку војна. Да не се случеше кризата во Украина, ќе се најдеше друга причина за напад на Русија.

Помошникот американски државен секретар Виктор Нуланд и помошник министерот за финансии Денијел Глејзер во мај 2014 година дури рекоа на Комитетот за надворешни работи на американскиот парламентарен дом, дека крајна цел на американските санкции против Русија е да го направат рускиот народ толку беден и очаен, па тој на крај да бара Кремељ да се предаде на САД и да спроведе политичка промена. Политичката промена може да значи сешто, но она што најверојатно се мисли е смена на режимот во Москва. Всушност, целта на САД изгледа дека воопшто не е насочена на вршење притисок на владата да го промени својот надворешно политички курс, туку на иницирање на промена на режимот во Москва и целосно осакатување на Руската Федерација преку поттикнување на внатрешни поделби. Тоа е причина што мапи на поделена Русија ги дистрибуира Радио Слободна Европа.

Судејќи според советникот на претседателот Сергеј Глазјев, Вашингтон се обидува да ја уништи и ослаби Русија, што ќе предизвика фрагментација, бидејќи на нив им треба оваа територија и сакаат да воспостават контрола над овој комплетен простор. Понудивме соработка од Лисабон до Владивосток, во обид да ја одржат нивната геополитичка надмоќ над Кина, бидејќи постои потреба за контрола на тој простор – наведе тој, потенцирајќи дека САД сакаат да господарат, а дека не се заинтересирани за соработка.

Алудирајќи на зборовите на поранешниот висок дипломат Медлин Олбрајт, дека Русија неправедно е богата со огромна територија и ресурси, Путин исто така зборуваше на сличен начин на 18 декември, на конференцијата за новинари, објаснувајќи дека САД сакаат да ја поделат Русија и да стекнат контрола над обилните природни ресурси кои се наоѓаат на нејзината територија.

Не е ни чудо што во 2014 рекорден број на руски граѓани имаат негативен став за односите меѓу нивната земја и САД. Анкетата која ја спроведе рускиот Центар за истражување на јавното мислење покажа дека 39 отсто руски испитаници ги гледаат односите со САД како главно лоши, а 27 отсто како многу лоши. Ова значи дека 66 отсто руски испитаници имаат негативен став по прашањето за односите со Вашингтон. Тоа е резултат од истражувањето на ниво на цела Руска Федерација. Дури, ова е најголем пораст на негативната перцепција за САД уште од 2008 година, кога Америка го поддржа грузискиот претседател Михаил Сакашвили во војната која Тбилиси ја водеше против Русија и отцепувањето на република Јужна Осетија; 40 отсто тогаш односите ги гледаа како главно лоши, а 25 отсто Руси во тој период односите ги гледаа како многу лоши.

Русија може да ја третира економската војна која се води против нејзината национална економија и нејзиното граѓанство, како економски тероризам. Ако руските банки и финансиските институции бидат ослабени со цел да се создаде финансиски колапс во Руската Федерација, Москва може да воведе помошни фискални мерки со своите банки и финансискиот сектор, кои можат да создадат економски шокови во Европската унија и Северна Америка. Зборувајќи хипотетички, Русија има многу опции за финансиска дефанзива или контра офанзива кои можат да се споредат со тактика на запалена земја која ја примени против западноевропските освојувачи во текот на војните на Наполеон, Првата светска војна и Втората светска војна. Ако руските банки и институциите не го платат или одложат плаќањето на своите дериватни долгови и тоа го оправдаат со економската војна и економскиот тероризам, ќе се случи финансиски шок и цунами од ЕУ до Северна Америка. Ова сценарио има некои паралели со чекорите кои Аргентина ги повлече за да ги избегне лешинарските фондови.

Валутната војна на крај ќе се сврти против Вашингтон и Волстрит. Енергетската војна исто така ќе го промени курсот. Веќе сега Кремељ јасно назначи, дека заедно со другите земји, ќе возврати на Америка на валутните пазари со одговор кој ќе ги неутрализира американските финансиски манипулации и петродоларот. Според зборовите на Сергеј Глазјев, Москва размислува за системски и сеопфатен одговор насочен на изнесување на виделина и ставање точка на политичката доминација на САД и што е најважно, рушење на американската воено-политичка моќ темелена на печатење на долари како светска валута. – Нивното решение вклучува создавање на коалиција на силни земји кои заговараат стабилност, всушностг глобална антивоена коалиција со позитивен план за преуредување на меѓународната финансиска и економска архитектура на принципи на двострана корист, чесност и почитување на националниот суверенитет.

Векот што доаѓа нема да биде Американски век, како што мислат неоконзервативците во Вашингтон. Ќе биде Евроазиски век. Вашингтон презема поголем товар од што може да го поднесе. Тоа може да биде причина поради што американската влада објави крај на санкциите против Куба и причина поради која САД се трудат да ги обноват трговските врски со Иран. Наспроти ова, архитектурата на повоениот (се мисли на Втората светска војна) на светот или ако сакате архитектурата на светскиот поредок настанат во 1945 година, сега е на смртна постела и можеме да ја сметаме завршена. Тоа е она што Кремељ и портпаролот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков мислат кога ќе кажат дека 2014 година конечно доведе до промена на парадигмата на меѓународниот систем.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски