Бесплатни лекарски прегледи во општина Ѓорче Петров

Од:

Во паркот во општина Ѓорче Петров денеска од 9 до 13 часот стручни екипи на Институтот за јавно здравје ќе вршат бесплатни лекарски прегледи по повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето.

Прегледите опфаќаат и мерење шеќер во крв, холестерол, крвен притисок и телесна маса, а ќе биде поделен и едукативен материјал со превентивни пораки за здраво срце.

На настанот ќе присуствува министерот за здравство Никола Тодоров.

Годинава, Светскиот ден на срцето се одбележува под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце“.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор