Во 3 часот по полноќ изгласани образовните закони

Од:

Реформите во образованието, како што ги најавува власта, во матичната собраниска комисија беа изгласани во раните утрински часови.

Со саати се паузираше, расправаше и на крај се чекаше да попушти медиумската кондиција и во 3 часот по полноќ законите со владиното мнозинство да бидат изгласани и да одат на пленарна седница. И таму епилогот е веќе однапред познат. Законите и покрај жестоките реакции на дел од студентите и професорите ќе добие зелено светло.

„Ноќе се прават само лоши работи и криминал.  Ако беше Законот за високо образование добар, немаше да се криете, ќе  ги почекавте сите камери. Државниот испит треба да го полагаат сите носители на јавни функции, а не студентите“,  рече во дебатата пратеникот на ДПА Беким Фазлиу.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  ги одбија сите амандмани на опозицијата.

T.Ц.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он