Радикалниот имам Абу Хамза заработи доживотен затвор

Од:

Суд во Њујорк го осуди радикалниот муслимански духовник Абу Хамза ал-Мисри на доживотен затвор, под обвинение за поддршка на тероризмот.

Како што јави Би-Би-Си, Абу Хамза лани во мај беше прогласен за виновен за повеќе кривични дела, меѓу кои и за задржување заложници и за подготовка за создавање камп за обука на терористи во САД.

На судскиот процес на Абу Хамза му претходеше повеќегодишна правна постапка за негова екстрадиција од Велика Британија во САД.

Адвокатите на Абу Хамаза бараа Судот да има предвид дека нивниот клиент е слеп и нема раце, но Обвинителството инсистираше дека доживотниот затвор е „единствената вистинска казна за неговите злодела“.

Судот при изрекување на пресудата оцени дека активностите на Абу Хамза била „варварски и неразумни“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак