САД затвораат 15 воени бази во Европа

Од:

Американскиот државен секретар за одбрана,Чак Хејгел потврди дека САД затвораат 15 свои воени бази во Европа,што на Пентагон ќе му донесе заштеда од 500 милиони долари годишно.

Најголемиот дел од базите што се затвораат, се сметаат како остатоци од времето на Студената војна,но ваквата одлука не е донесена толку за да се заштеди воениот буџет на САД,туку како резултат на промената во воената стратегија на Вашингтон и неговото свртување од еврпскиот континент,кон Азија и Пацификот.

Повеќето од базите што се напуштаат се стационирани во Германија,Белгија,Холандија и Италија.

Американците соопштија дека ги напуштаат и базите на британското воено воздухопловство (РАФ) што ги имаат изнајмено уште од средината на педесетите години на 20 век.

САД се откажуваат од базата Маилденхол во Сафолк,каде сега се стационирани 3200 луѓе,американски воен персонал и околу 500 британски цивили,како и од базите Олконбари и Моулсфорт,во англиската област Кембриџшир.

Во базата Маилденхол во времето на Студената војна беа стационирани стратешките бомбардер.Сега во оваа база во Велика Британија,Американците ги чуваа своите специјалните воздухопловни сили,како и авионите-цистерни.Се верува дека авионите цистерни ќе се префрлат во некоја од базите на САД во Германија.

Британското Министерство за одбрана,вчера соопшти дека положбата и статусот на американските бази на британска територија се „преиспитува во Вашингтон„ а дека официјален Лондон подоцна ќе даде свое толкување на американската одлука.

Португалија,меѓутоа,веќе изрази незадоволство поради решението на Пентагон,за повлекување на воениот персоанл,од 500 луѓе,од база на Азорските Острови, во Атланскиот Океан.

САД сега имаат стационирано во Европа повеќе од 60 илјади војници,главно во Германија,Италија и Велика Британија.Со затворањето на базите,нивнит број не се намалува,туку тие се разместуваат на повеќе локации во рамките на програмата за обука.

На територијата во Велика Британија,Американците ја означија базата на РАФ во Лејкенхот,како своја прва постојана база во Европа за авионите Ф-35.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак