(ВИДЕО) Тунески: Раководството на МЕПСО да поднесе оставка

Од:

Најмалку што може да направи раководството на МЕПСО, по скандалот во којшто околу 200.000 луѓе во земјава останаа без струја или без електрични апарати поради има – нема струја и променливиот напон, е да си поднесе колективна оставка, рече Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Молчењето нема да го спаси раководниот тим на МЕПСО од одговорност за неразумните потези во соработка со власта и трошењето на парите на граѓаните во барокни фасади, ски центри и прослави, наместо во соодветно одржување на електро мрежа додаде тој.

Еве што говорат информациите:

Вкупниот годишен приход на МЕПСО за пренос на електрична енергија изнесува нецели 35.000.000 евра (34.827.406 евра или 2.141.885.489 денари). Тука не се вклучени луксузите за фасади, ски центри, прослави, туку парите на граѓаните се за покривање тековни оперативни трошоци.

-Но, МЕПСО третина од овие пари или 10.5 милиони евра троши за барокна фасада!

-Компанијата не троши само за барок, туку го шири својот интерес и кон туризам. 2,6 милиони евра пари на граѓаните за струја, одат за сноу борд патеки на Пониква и Крушево! Небаре се работи за агенција за развој на туризмот, а не за компанија задолжена за стабилен пренос на електрична енергија.

-Туристичките афинитети на МЕПСО не завршуваат со Пониква и Крушево. Државната компанија си дозволува да потроши околу 200.000 евра пари од граѓаните за Физибилити студија, за развој на зимскиот туризам на Јабланица! Дури 200.000 евра, за 100 страници хартија, во коишто се испишани желбите на власта, додека во околината на Јабланица има населени места што не можат да бидат сигурно и навремено снабдени со струја, поради слабите конекции на преносната мрежа во сопственост на АД МЕПСО.

– Капак на барокот и туризмот на МЕПСО се трошењата на рекламни агенции и кетеринг ресторани, за 10-годишнината од своето постоење што ја прославија со раскошна храна и пијалоци, 10-минутен рекламен спот, како да се работи за кралски прием.

Менаџментот на МЕПСО, во Студијата за развој на преносната мрежа изработена уште во јули 2011 година, увидел дека во охридиско-струшкиот и битолскиот регион се потребни итни инвестиции во преносната мрежа. Еве го тој документ. До ден денес не е инвестиран ниту денар!

Значи граѓаните плаќаат, за раководството на МЕПСО да и удоволи на власта на Груевски, да слават, да јадат и пијат, да се скијаат и санкаат, а околу 200.000 граѓани не можат да се погледнат со блиските ни во очи за да си честитаат Нова Година, зашто во 21-от век немаат струја!

Колку `не чинат авантурите на МЕПСО ?

Погледнете:

Цената за пренос и управување на електроенергетскиот систем од АД МЕПСО од 2006 до 2014 година порасна за околу 270 проценти!

За што, за испади, за несигурно и недоверливо снабдување со електрична енергија?

Бараме веднаш оставка од раководниот тим на МЕПСО!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски