Илјадници луѓе се собраа на нови протести за поддршка на неделникот „Шарли едбо“

Од:

Илјадници луѓе синоќа повторно излегоа на улиците на Париз и другите градови ширум светот за да го осудат нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во кој 12 лица го загубија животот, а 11 беа ранети.

Во Париз, втора ноќ по ред илјадници лица се собраа на Плоштадот на републиката, оддалечен околу еден километар од сцената на масакрот што се случи еден ден претходно.

Цвеќе, свеќи и карикатури го прекрија подножјето на споменикот на Плоштадот, а многумина учесници на собирот носеа плакати на кои беше напишано „Ја сум Шарли“, паролата која стана глобален повик за солидарност понајтешкиот терористички напад во Франција во изминатите половина век.

Некои од учесниците, високо во воздухот држеа моливи, симболот на слободата на печатот.

Градоначалникот на Париз, Ан Идалго, на насобраните им порача дека мораат да се „држат заедно“, јавија француските медиуми.

Околу 100.000 лица во средата спонтано излегоа на улиците на повеќе градови во Франција за да им оддадат почит на жртвите.

Собири беа оддржани и во Бордо, Стразбур, Лион, Мец, Нант и Тулуз, пренесе „Раша тудеј“.

Спонтани собирања имаше и во Њујорк, Вашингтон и во Канада.

Би можело да ве интересира

Жералд Дарманен: Франција спречи два заговори за терористички напад на Олимписките игри

Горан Наумовски

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос