На автосалонот во Детроит, што почнува на 12 јануари, „Мерцедес“ ќе ја претстави АМГ верзијата на својот нов кросовер „GLE Coupe“.
Се потврдија шпекулациите дека германскиот производител на најзначајната северноамериканска изложба на нови автомобилски модели ќе го изложи „GLE 63 AMG Coupe“, затоа што „Мерцедес“ објави информација за автомобилот на неговата фејсбук страница.
Спортскиот кросовер се разликува од стандардната верзија по типичните козметички и аеродинамички AMG додатоци и различни браници и тркала.
Иако изгледот на возилото повеќе не е тајна, непознат е изборот на моторот. Неговата сила треба да биде доволна автомобилот да може да му парира на новиот „БМВ X6M“ што произведува 575 кс и располага со максимален вртежен момент од 750 Nm.
Дилемата околу погонските единици ќе биде разрешена во половината на јануари кога е закажана официјалната премиера на „Мерцедес GLE63 AMG Coupe“.