„Њујоркер“ ја објави на „Твитер“ насловната страница на бројот во кој им одаваат почест на карикатуристите и новинарите на „Шарли Ебдо“, кои на 7-ми јануари беа убиени во редакцијата.
За потсетување водечките американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“ и „Волстрит журнал“ не се солидаризираа со европските колеги и одбија да ја објават карикатурата на која е муслиманскиот пророк Мухамед.
Во нападот на редакциајта на францускиот сатиричен неделник беа убиени 12 лица од кои 10 новинари и уредници и двајца полицајци.
Е. Г.