Ноќно возење во зоолошката градина во Скопје

Од:

Во петок вечерта, беше промовирано новото осветлување и новиот систем за видео надзор во Зоолошката градина-Скопје, а беше реализирано и авантуристичко разгледување на Зоолошката Градина во вечерни часови.

Проектот што чинеше 10 милиони денари опфаќа Изведба на внатрешна инсталација и тоа: електрични инсталации, податочна мрежа (оптичка инсталација) видеонадзор и јавно осветлување во кругот на Зоолошката градина Скопје.

Според проектот, во Зоолошката градина во Скопје се поставени 32 видеокамери, со висока резолуција на снимање, на сите улични патеки во зоолошката. Во собата за мониторинг е поставен и нов ЛЦД монитор за контролен надзор на снимките од камерите.

Монтирани се и две оптички црева за натамошно проширување на видео-надзорната мрежна инсталација. Поставени се 102 светилки со што се постигна целосно осветлување на живеалиштата во ЗОО- Скопје, за да се овозможи непречено ноќно разгледување на градината. Направен е комплетно нов приклучок за поголема моќност, за рамномерно распоредување на електричната енергија, со што се обезбедува инсталацијата од непредвиден пад на напонот. Поставена е и комплетно нова електрична мрежа.

Би можело да ве интересира

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики