Студен бран ги зафати Истокот и Средниот Запад на САД

Од:

Источниот дел на САД и Средниот Запад се погодени од арктички студен бран, кој доведе до затворање на училишта, доцнење на возови и откажување на авионски летови, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Снег паѓа во државата Њујорк, каде се очекува дека снежната покривка ќе достигне висина од еден метар, додека во останатите делови на земјата е претежно суво, но владејат арктички студови.

На најсеверната точка на сојузната држава Мејн регистрирана е температура од минус 39 степени Целзиусови. Рекордно ниска температура од минус 29 степени Целзиусови е забележана во градот Монпеље во сојузната држава Вермонт и минус 18 степени во Џексон, во Кентаки.

Во многу области дува и силен ветер. Регистрирани се 279 доцнења во авионскиот сообраќај, додека 675 летови се откажани.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак