ЕУ: Да се обнови дијалогот со Русија

Од:

Високи претставници на Европската унија на денешниот состанок во Рига, Летонија, побараа обновување на дијалогот со Русија за политичко решение на украинската криза и констатираа дека ситуацијата на терен покажува знаци на смирување.

– Ни треба шанса да го обновиме дијалогот со Русија, изјави летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

Тој, на заедничката прес-конференција со претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, најави дека утре ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Таа посета е од клучно значење, истакна Могерини и додаде дека во последно време се забележани некои позитивни сигнали од Москва.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска