Ален Жипе: Франција води војна за својата слобода

Од:

Градоначалникот на Бордо и поранешен француски премиер Ален Жипе оцени дека државата по терористичкиот напад врз магазинот Шарли ебдо, води војна за својата слобода.

– Ова е момент за мобилизација бидејќи е потребно да се одбрани она што денес е нападнато, а тоа е нешто за кое со векови се бориме – слободата, изјави тој.

Жипе додава дека треба да се биде свесен дека борбата ќе трае долго.

– Тоа е војна во вистинска смисла на зборот, на некои места вон нашата држава со наши војници, кои се борат во Ирак или Мали, истакна тој додавајќи дека се води војна против „лудаци, варвари, фанатици кои не можат да тврдат дека претставуваат каква било вера“.

Жипе најави дека тој, како и многу други политичари, ќе учествува на Републиканскиот марш закажан за в недела попладне во Париз со кој ќе се изрази солидарност со жртвите од нападот врз сатиричниот весник, но и да се упати порака против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Жералд Дарманен: Франција спречи два заговори за терористички напад на Олимписките игри

Горан Наумовски

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос