Оваа година ќе трае една секунда подолго од 2014, пресмета Меѓународната служба за ротација на Земјата (ИЕРС), решавајќи дополнителната секунда да биде вметната во часот на полноќ на 30 декември.
Додавањето секунди не е ретка појава, бидејќи од воведувањето на оваа пракса во 1972 година, досега се додадени 25 секунди, наведува „Гардијан“.
Секундите се додаваат како резултат на фактот дека Земјата успорува. Координираното универзално време се пресметува со помош на 400 атомски часовници кои мерат со најголема точност.
– Во минатото ротацијата на Земјата била главна референца и часовниците кои ги изработил човекот се прилагодени кон неа. Од почетокот на 60-те години, атомските часовници се основна референца. Тие биле прилагодени да се усогласуваат со ротацијата на Земјата. Но, во 1972 година е одлучено наместо прилагодување, часовниците да се остават да отчукуваат со својата брзина и е воведена првата дополнителна секунда, изјави Питер Виберли од британската Национална лабораторија за физика.
Но, дополнителните секунди претставуваат проблем за техологијата. Во 2012 година дополнителната секунда предизвика одлагање на 400 летови на „Квантас“ и се распаднаа неколку сајтови, како Редит, Форсквер, Јелп и Линкедин.
Околку оваа тема се водат бурни расправии. САД, Франција, Мексико и Јапонија се залагаат атомските часовниците да се пуштат да работат, а потоа, по неколку века кога сите тие прескокни секунди ќе се соберат до еден час, стрелките на часовниците да се поместат нанапред или наназад. Но, Велика Британија и Русија се против оваа идеја.
Во секој случај, 30 декември 2015 година часот ќе отчука 23:59:60, а тоа повторно би можело да предизвика проблеми на интернет, затоа што многу часовници не се програмирани да се „носат“ со неочекуваните дополнителни секунди. Со цел да се избегне тоа, Гугл додава дел од секундата на програмите во годините со „прескокнати“ секунди, со цел секундата постепено се надополни до моментот додека да се додаде и таа акција се вика „прескокнување флеки“.