Состојбата со воздухот во Тетово веќе ја надмина секоја граница на нормалата. За споредба, ќе споменеме дека вториот најзагаден град на светот – градот Ахваз во Иран – достигнал ниво на загадување до 372 микрограми на супстанцата PM10, а во Тетово оваa супстанца достигналa рекордна шифра на 998 микрограми во метар кубeн– дозволеното ниво на ова супстанца треба да биде до 50 микрограми, велат од БЕСА.
По овој повод треба да потенцираме дека повеќе од 300 денови од 2014-та година загадувањето било над дозволеното ниво. Според СЗО (Светската здравствена организација), овие честички спаѓаат во групата на директни предизвикувачи на ракот во белите дробови и, следствено, бројот на починатите од ваков вид на рак во Тетово е значително зголемен. Така, според официјалните податоци, во 2010 година бројот на заболени бил 1.319, а во 2013-та година се зголемил за 1.000, па сега изнесува 2.375 заболени лица.
Владата на Република Македонија е свесна за фактот дека само „Југохром“ предизвикува 54% од загадувањето на воздухот во Тетово. Таа требаше да ја затвори оваa фабрика, бидејќи така било одредено во договорот со ова фабрика, која требаше да обезбеди чиста средина со инсталирање на соодветни филтри. Меѓутоа, Владата дозволи оваa фабрика да продолжи со труење на граѓаните на Тетово, на тој начин прекршувајќи ги основните човекови права, определени со сите меѓународни конвенции. Затоа ја потсетуваме ова власт дека таа го прекршува и Уставот, кого само што не го прогласиле за свет текст, а таму доследно во член 43 се вели:
„Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.“
Поаѓајќи од ваквите алармантни податоци и од ова рамнодушност на Владата, Движењето БЕСА ја изразува својата длабока индигнација што една демократска држава се однесува вака со своите граѓани – дозволувајќи нивно директно и свесно труење. Ние го осудуваме остро ова противчовечко и противуставно однесување на Владата, а го осудуваме остро и рамнодушното однесување на министерот за Загадување на животната средина, кој со овој чин се претворил во најодговорното лице за труење на граѓаните на Тетово. Притоа бараме од министерот Нурхан Изаири, во знак на политичка, но и морална одговорност, да даде неотповиклива оставка од оваа позиција, а воедно бараме од Владата да го принуди „Југохром“ да постави филтри или да ја завтори ова фабрика ако таа продолжи да претставува опасност за здравјето на граѓаните на Тетово.
Движењето БЕСА го вреднува високо здравјето на граѓаните. Всушност кредо на нејзиниот политички ангажман е токму заштитата на здравјето на секој граѓанин. Ние ќе ја подржиме секоја инцијатива, било да е граѓанска или државна, која оди во прилог на заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина.