Камерон: Кажи му на Обама ќе му се јавам, сега играм тенис

Од:

„Британскиот премиер Дејвид Камерон не се јави на телефонскиот повик од американскиот претседател Барак Обама затоа што играше тенис со мене“, тврди Чарли Брукс, долгогодишен пријател и сосед на Камерон.
Од Даунинг стрит, сепак, укажуваат дека Брукс и Камерон играле тенис само еднаш, и тоа порано во Чикверс и дека тогаш не бил забележан ниту еден повик од Белата куќа.

Брукс, кој со својата сопруга Ребека, поранешен уредник на таблоид, се вплеткани во скандал за прислушување на телефони, вели дека играл тенис со премиерот во резиденцијата во Чикверс кога се јавил Обама.

„Играв тенис со него во Чикверс. Го добив првиот сет, потоа тој го доби вториот сет, и тогаш некој дојде до Камерон и му рече дека Обама е на телефон. Си помислис, ќе мора тука да застанеме со играта. Но тој рече : „Мислам дека имаме време за трет сет, кажи му на Обама дека ќе му се јавам подоцна“, раскажа Брукс и додаде дека го победил Камерон.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран