СИРИЗА и натаму има разлика од 3,2 до 3,5 отсто пред Нова демократија

Од:

Грчката левичарска партија СИРИЗА, која се смета за фаворит на претстојните вонредни парламентарни избори во земјата, што ќе се одржат на 25 јануари, во трите најнови анкети и натаму води пред десноцентристичката Нова демократија со разлика од 3,2 до 3,5 отсто од гласовите, соопштуваат денеска грчките весници „Етнос“ и „Пондики“.

Анкетите покажaa дека 17,5 отсто од избирачите во Грција се уште не одлучиле за кого ќе гласаат.

Авторите на две од нив, подготвени од агенциите GPO и ALCO, се на ставот дека трета политичка сила на овие избори ќе биде партијата „Реката“, која се очекува да освои меѓу 4,5 и 5,8 отсто од гласовите.

Агенцијата „Pulse RC“, пак, третото место и го одреди на ПАСОК-Демократска формација, пред партијата „Реката“ (То Потами), крајнодесничарската „Златна зора“, комунистичката партија и коалицијата „Независни Грци“.

За новата партија на Папандреу „Движење на демократи-социјалисти“ се проценува дека засега е под парламентарниот праг, но блиску до трите процента за влез во највисокиот законодавен дом на земјата.

Според две од анкетите, СИРИЗА се очекува да освои 28,5 или 29 отсто, а третата на агенцијата ALCO, цитирана од весникот „Пондики, и дава највисок процент, дури 33,8 отсто.

Следи Нова демократија, за која би гласале 25,3 и 25,5 отсто во две од анкетите, а во третата таа би освоила 30,5 отсто.

Анкетираните, меѓутоа, и натаму сметаат дека Андонис Самарас е поприфатлив за премиер од Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит