Новиот состав на Конгресот има рекорден број малцинства и жени

Од:

Новиот состав на американскиот Конгрес, кој денеска првпат ќе заседава, има рекорден број на малцинства и на жени, но сепак најголем дел од претставниците се бели мажи.

Во двата дома на Конгресот, од вкупно 535 национални претставници, има 104 жени, а за првпат Афро-американци од двата пола, ги претставуваат двете најголеми американски партија – Демократската и Републиканската.

Во Конгресот, нема задолжителни квоти за жени или малцинство, но сега во 114-тата сесија има повеќе жени отколку досега, кога имаше 100, но сепак бројот е непропорционален во однос на женската популација на САД. Жените во Конгресот сочинуваат 20 проценти од делегатите, додека во населението на САД тие се 51 проценти.

Претставниците на малцинствата во Сенатот, кој има 100 члена, како и во Претставничкиот дом, кој има 435 члена, држат 96 места, што е околу 18 проценти.

Во Претставничкиот дом има 246 републиканците и 188 демократите, а едно место е испразнето откако републиканецот Мајкл Грим вчера поднесе оставка и се изјасни за виновен по обвинението за затајување данок.

Во Сенатот ќе има 54 републиканци и 44 демократи, плус двајца независни членови кои сен приклучија кон демократскиот кокус.

Во Претставничкиот дом се наоѓаат 44 Афро-американци, 34 латиноамериканци, 10 претставници со азиско потекло, како и двајца Индијанци. Во Сенатот има 20 жени, како и во претходниот состав, две Афро-американки, три латиноамерикански, и една жена со азиско потекло.

Мета

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак