Австриецот Марсел Хиршер, бранителот на трофејот во Светскиот куп во алпско скијање, победи на слаломската трка, која пред 15.000 гледачи се возеше на Сљеме крај Загреб.
Хиршер стигна до 15-та слаломска победа во кариерата, со што стана најуспешниот австриски скијач на сите времиња во оваа дисциплина.
Австриецот до победата стигна со вкупно време од 1:55.96 минути, втор низ целта мина Германецот Феликс Нојројтер со 81 стотинка послабо време од победникот, а победничкиот пиедестал го комплетираше Норвешанецот Себастијан-Фос Солеваг.