Приведено лице за издржување десетгодишна казна за убиство во обид

Од:

 

 

Полицијата денеска го приведе Осман Б. (40) од тетовското село Мала Речица баран врз основа на судска наредба за издржување правосилна затворска казна од десет години за „убиство во обид“.

МВР соопшти дека полицајци од полициската станица за граничниот премин „Долно Блаце“ при Регионалниот центар за граница Север го приведоа лицето Осман Б. (40) од село Мала Речица, тетовско, баран врз основ на судска наредба од декември минатата година во врска со издржување правосилна затворска казна во траење од 10 години за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Заедно со Осман Б. приведени се и лицата С.М. (34) од Скопје, Б.З. (37) од село Мала Речица и И.С. (40) од село Мриковци, скопско.

При влез во Република Македонија на ГП „Долно Блаце“ за гранична проверка со автомобил марка „Пежо Бипер“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од И.С. заедно со него се јавиле и неговите сопатници во возилото лицата С.М. и Б.З. Бидејќи при вршење на граничните проверки, кај полициските службеници се јавило сомнение во целта на патувањето, тие со службено возило се упатиле во правец каде заминале лицата во „пежото“. Тројцата набргу застанале на кратко во близина на угостителски објект и од таму се упатиле кон Барди Маало, што ги навело полициските службеници да се посомневаат дека лицата најверојатно имаат намера да превземат лице кое нелегално ја преминало државната граница. Возилото се упатило кон Барди маало и за неколку минути се вратило назад, каде било запрено од страна на полицијата. Во возилото покрај лицата И.С., С.М. и Б.З. се наоѓал и Осман Б.

По приведувањето е откриено дека тие тројцата на приштинскиот аеродром го пречекале Осман Б. кој престојувал во Германија, потоа од таму го донеле до косовско-македонската граница, за тој да ја мине пеш, илегално, со договор да го чекаат на другата страна од границата.

Осман Б. е предаден во полициската станица во Карпош за понатамошна постапка, а во консултација со дежурен јавен обвинител лицата И.С., С.М. и Б.З. се приведени во полициската станица во Кисела Вода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 402 став 2 од Кривичниот законик односно недозволено префрлање други лица преку границата на РМ.

Делото за кое правосилно е осуден Осман Б. се случило во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводување, дошол Осман Б. кој што извадил пиштол и испукал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата нанесувајќи му површинска рана, а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната надколеница.

Би можело да ве интересира

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски игралишта

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира