Обама ја укинува помошта за Палестинците поради Израел

Од:

Администрацијата на САД размислува за укинување на помошта за Палестинците, поради одлуката да се станат дел од Меѓународниот кривичен суд со цел да го обвинат Израел за воени злосторства.

Потпаролката на Стејт депарментот Џен Псаки изјави дека САД ја преиспитуваат одлуката за годишниот финансиски пакет од 440 милиони долари за Палестинците.

Таа исто така, го критикуваше Израел поради замрзнувањето на приходите од данокот кој оваа земја го собира во името на Палестинската управа и оцени дека таквиот потег само ги зголемува тензиите.

Палестинската одлука за приклучување на судот во Хаг е донесена откако Советот за безбедност на ОН на 30/ декември ја отфрли палестинската резолуција, со која се одредува тригодишен рок за повлекување на израелската војска од окупираните територии.

Израел остро се спротивставува на палестинското членство во судот.

На основа на американскиот закон секој палестински случај против Израел би можел да предизвика моментално укинување на помошта на САД, но палестинското членство, само по себе, не подразбира автоматска казна за таа земја.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак