Златна зора со акција за вработување на „измачените Грци“

Од:

Ултрадесничарската партија Златна зора формира „Агенција за наоѓање на работа на измачените Грци“ чија задача ќе биде да им најде работа на грчките граѓани.

Акцијата на Златна зора се совпадна со кампањата на државната агенција за вработување ОЕАД.

Во соопштението од партијата се наведува дека цел на акцијата е да се поддржат невработените Грци.

Секој граѓанин може да се запише во специјалниот список во канцелариите на Златна зора. Потребно е да го запише своето име, професија и телефон. Работодавачите кои сакаат да најмат Грци можат да се обратат до партијата.

– Во моментот, големите работодавачи, како приватните така и државните преферираат да работаат само со илегални имигранти. Златна зора застанува на страната на измачените грчки граѓани, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски