(ВИДЕО) СДСМ: Сите институции потфрлија, жртви се граѓаните и работниците

Од:

Погрешните политики на ВМРО ДПМНЕ дојдоа до израз по којзнае кој пат. Иако повикувавме на тоа, дека во вакви тешки времиња не ни се потребни споменици, тркала, барок, власта продолжи со нивно поставување, рече Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ и претседател на Комисијата за транспорт и врски.

Додека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ си ја префрлуваат топката кој е виновен за состојбата, граѓаните останаа затрупани во снег. Овојпат снегот интензивно врнеше во западна Македонија, а надлежните не успеаја да се справат. Прашуваме како ќе се справат доколку заврне снег на територијата на цела Македонија?

Се покажа дека Македонија е лесно ранлива. Крахираше снабдувањето со енергија, а илјадници луѓе ја дочекаа Новата Година без струја.

Потфрлија сите надлежни институции.

Јавно прашуваме:

-Колку камиони чистачи за снег ќе се купеа со 18 милиони евра што се трошат за Панорамско тркало?

-Колку тони абразивен материјал (сол и ризла) на залихи има во моментов?

-Дали вработените во Македонија пат имаат чизми, ракавици и друга ХТЗ опрема?

-Колку плати и колку дневници за теренски додаток за ноќни смени се неисплатени на дежурните екипи во Македонија пат?

Вработените во Македонија Пат, се најмалку виновни за ова бидејќи во овие услови и со нивната техничка опременост направија максимум.

Ситуацијата во Македонија на полето на транспортот е катастрофална. Со првиот снег паднаа и маските за тоа дека земјава била во најдобрите во регионот и пошироко.

Поради спомениците, барокот и други непродуктивни трошења ни се случува хаос, а тоа го трпат најмногу граѓаните на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината