Професорскиот пленум објави графикон со кој појаснува како Владата на Никола Груевски која е загрижена за квалитетот на високото образование, го урниса истото во последните години со многуте измени на законот.
Професорите потсетуваат дека за шест години имало 15 измени на законот. Квалитетот на високото образование е урнисан и со назначување некомпетентни министри за образование, со непланско зголемување на квотите за студенти, отворање факултети во секое гратче и село, укинување на примнеите испити, укинување на асистентите, нефинасирање на научната дејност на факултетите, и на крајот сега со воведувањето на државен испит.
Професорите иако најавени дека ќе присуствуваат на размена на мислења на средбата со министерот за образование, сепак нема да улествуваат. Тие заедно со дел од студентите ќе го споделат својот став пред хотелот Александар Палас каде се одржува средбата. Сметаат дека нема потреба да даваат легитимитет на закон кој речиси е донесен и во кој досега не биле поканети да ги изнесат своите аргументи.