Шест лица, од кои три деца, вчера загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Санкт Петербург-Псков, на северозападот од Русија, сооопшти полицијата.
Во несреќата е повредена и една жена, се додава во соопштението.
Во сударот меѓу два автомобила, загинаа возачот и патниците од возилото „Даеву“, а меѓу нив две лица беа возрасни, две беа девојчиња на возраст од 14 и шест години, како и двегодишно момче, додека повредена е жена од возилото „Хундаи“.
При сударот автомобилот „Даеву“ се запалил, пренесе ТАСС.
Агенцијата наведува и дека секоја година во сообраќајни несреќи во Рсуија гинат околу 30.000 лица, а до нив најчесто доаѓа заради лошо одржуваните патишта и непочитување на сообраќајните прописи.