Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им се овозможува на странски државјани да служат во руската војска по договор.
– Војници, кои се странски државјани може да учествуваат во извршување на задачи во тек на воени ситуации, како и во тек на вооружени судири, во рамките на прифатените принципи и норми на меѓународното право, меѓнародните договори на Руската Федерација и руското законодавство- стои во декретот.
Исклучок се странски државјани, кои се под истрага, односно оние на кои им се суди, имаат кривично досие или биле во затвор и тие не може да служат во руската војска- пренесе „Русија денес“. Во декретот се признава служба во украинската војска за руските граѓани кои живеат на Крим, но за тоа треба да достават оригинални документи кои ја потврдуваат таа служба. Како што пренесе руката агенција, документот не е наведен на порталот на претседателот, но е објавен на страниците за информации кои се однесуваат на државните закони. Инаку нацрт-законот е завршен пред Нова година, а веќе 154.000 регрути се приклучиле на руската војска.
Е. Г.