Американката Михаела Шифрин е победничка на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање во Загреб.
Шифрин до вториот триумф на патеката „Слијеме“, стигна со импресивен настап во двете трки со вкупно време од 1:56.66.
Американката ја потврди својата доминација во слалом, па до единаесеттата победа во Светскиот куп, стигна пред Картин Цетл од Австрија кој имаше заостанување од 1 секунда и 68 стотинки, односно 2 секунди и 79 стотинки подобро време од трето пласираната Нина Лосерт од Норвешка.
Шифрин сега заостанува само 1 бод зад Швеѓанката Фрида Сансдотер која по пет оо деветте трки е водечка во Генералниот пласман во слалом, додека и натаму во севкупниот поредок во Светскиот куп прва е Тина Мазе од Словенија со 777 бодови, дури 232 повеќе од денешната победничка Шифрин.
На истата патека во вторник ќе се вози машкиот слалом.