Потресна сторија за едно семејство од Крива Паланка: Нас бремени работнички не ни требаат

Од:

Димитровска Габриела од 23.01.2014 година е вработено во фирмата „Пешовски Ексклузив“ во Крива Паланка.

Поради проблеми со бременоста од 18.08.2014 до 23.10.2014 година е на боледување.

Поради сериозноста на проблемите и ризичната бременост, од болницата „My hospital” – Скопје, боледувањето е продолжено во два наврати и тоа од 24.10.2014-23.12.2014 година и последователно од 24.12.2014-20.02.2015 година.

Во меѓувреме Габриела добива три конзилијарни мислења и тоа две од првостепена и едно од второстепена комисија, кои ја потврдуваат оправданоста на отсуството од работа, поради крварење во рана бременост, заостанат раст на плодот во оваа фаза на бременост и можност од предвремено породување.

Поради отсуството од работа, од фирмата „Пешовски Ексклузив“ од неа е побарано да си ги плати придонесите за отсуство од работа и тоа во првиот наврат 4.300 и во вториот наврат 6.500 денари.

Првата сума била платена на рака, а втората, бидејќи била поголема, и секако неоправдана, не била прифатена, за што како казна од истата фирма на 5.11.2014 година е отпуштен сопругот на Габриела.

Тука не престанала голготата на овој млад брачен пар. На 24.12.2014 година Габриела заминала во фирмата да ги информира за конзилијарното мислење кое го има добиено, но на големо изненадување, од фирмата била брутално физички исфрелна со навреди и укажување дека „Нам не ни требаат бремени работнички“.

Од ова на Габриела и се слошило, по што веднаш била префрлена во болница каде е хоспитализирана.

Основното прашање е како може некој да биде отпуштен од работа, додека е на боледување.

Овој брачен пар е решен работата да ја тера до крај бидејќи во целокупната ситуација имаат замешано прсти Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Фондот за здравство и локалната трудова инспекторка.

Извор: Доказ

Би можело да ве интересира

Беким Сали: Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а Ковачевски и Меџити го наградија Анѓушев

A1on

ВИДЕО: Кога општеството нема разбирање, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Наум Локоски

(ВИДЕО) Конечно пристигна помош за заборавените граѓани од улица Антон Велков во Стајковци

А1он