Либан воведува задолжителни визи за Сиријците

Од:

Властите во Бејрут ќе воведат задолжителни визи за сириските граѓани, првпат во историјата на двете земји, со цел да се ограничи бегалскиот бран во Либан, каде според податоците на властите пребегнале повеќе од еден милион лица.

Новите мерки, објавени на интернет страницата на либанската Служба за безбедност, стапуваат во сила на 5 јануари. Се предвидува издавањето на шест категории на визи – студентски, туристички, медицински и други, како и две категории со дозволи за престој, да се добиваат на самата граница, а не во либанската амбасада во Дамаск.

Либанците и Сиријците секогаш патувале слободно преку заедничката граница откако двете земји прогласија независност во 40-тите години од минатиот век. Граѓаните досега требаше да приложат само документ за идентификација.

Во октомври минатата година либанскиот министер за социјална работа Рашид Дербас изјави дека Либан нема да прифаќа повеќе бегалци од Сирија, освен во вонредни случаи „од хуманитарни причини“.

– Ова е првпат во историјата на двете држави, Либан да бара од Сиријците да ги потврдат причините за влез во земјата. Но целта е посериозно да го регулираме нивниот влез по бегалскиот бран, нагласи Дербас.

Портпарол на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) одби да ги коментира новите мерки на Либан, но додаде дека организацијата ги разгледува со внимание.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети